Сенди Ален (53), која со висина од 2,32 метри важеше за највисоката жена во светот, почина во дом за стари лица во американската сојузна држава Индијана.

Своевремено, Ален го замоли уредништвото од Гинисовата книга на рекорди да и најде висок партнер.

„Сакам да запознаам некој кој е близу мојата висина. Нема потреба да се каже дека мојот општествен живот е практично никаков, а молбата до вас би можела да внесе светлина во него“, напиша Ален во 1974 година во писмото до уредниците на Гинисовата книга на рекорди.

Во 1976 година Сенди доби улога во филмот „Казанова“. Таа се појавуваше во бројни телевизиски емисии, а ја напиша и книгата „Големата сенка“.
Но, неколку интернет страници тврдат дека Ален не била највисоката жена на светот. Според нив, рекордот го држи Кинеската Сао Дефен, која е висока 2,36 метри. 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: