Categories
Сцена & Муабети

Компоненетите од конзолата „Плејстејшн 2“ предизвикаа војна во Африка

Индустријата за производство на видео игри овој пат навистина ја претера.

Потрагата по ретките метали кои се неопходни за производство на „Плејстејшн 2“ конзолата за играње, предизвикаа брутален конфилкт во Република Конго. Причина за ова е нерафинираната метална руда, таканаречениот Колтан, кој после преработката се претвора во прав, наречен Танталум, кој најмногу се користи во производството на електронските направи како што се мобилните телефони, компјутерите и секако конзолите за играње.

Потребата од Колтан ги натера воените власти во Руанда и западните земји да инвестираат милиони долари за откопувањето на овој редок метал, за чија екскавација се користи работната сила на затворениците, а не е редок случајот во рудниците за Колтан да се сретнат и деца. Децата од Конго се испраќаат долу во рудниците со цел децата од запад да можат да играат во своите дневни соби со видеоигрите.

Е сега каде е тука врската со Сони, конгломератот? Со цел да ги задоволи потребите на пазарот и се поголемата побарувачка на „Плејстејшн 2“ Сони го зголеми производството на електронските делови кои во најголем број од случаите се произведени од Танталум. Со тоа цената на Танталумот на светската берза за метали скокна од 49-275 фунти за килограм. Од Сони реагираат веднаш дека танталумот кои тие го користат не е од Конго туку од други земји каде не се користат децата како работна сила.

Но, од светската берза за метали тврдат дека менаџментот на Сони појма нема од каде Танталумот доаѓа, бидејќи процесот на преработување е многу сложен и каналите и фазите за препработка се во голем бројда е невозможно да се следи трагата на испораките. Инаку конзолата на Сони, „Плејстејшн 2“ е најпродаваната конзола на сите времиња, со продадени над 140 милиони единици и воедно еден од најпродаваните производи на оваа компанија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *