Categories
Сцена & Муабети

Пласидо Доминго ќе пее на затворањето на Олимписките игри во Пекинг

Церемонијалното затворање на 29. Олимписки игри во Пекинг на 24 август ќе биде збогатено со настап на светски познатиот оперски пејач, тенорот Пласидо Доминго, во дует со кинеската сопранистка Сонг Зујинг.

Програмата за крајот на Игрите иако е строго чувана тајна, делумно е обелоденета во кинескиот дневен весник „Чајна дејли“. Според написот, главни улоги на затворањето ќе бидат 350 играчи кои ќе изведат традиционална кинеска боречка вештина кунг фу.

„Целта ни е да направиме среќна атмосфера. На разделбата со гостите сакаме да порачаме дека по четири години повторно ќе се видиме на следните Олимписки игри“, изјавил Жанг Јиму, директор на церемонијата за отворање и затворање на Игрите во Пекинг.

На затворањето симболично ќе почне „одбројувањето“ до игрите во Лондон 2012 година. Главна ѕвезда ќе биде фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам, кој, како што објави весникот, на стадионот „Птичјо гнездо“ треба да стигне качен на покривот на традициопналниот лондонски автобус „dabldeker“.

Играчот на „Галакси“ од Лос Анџелес  симболично ќе шутне топка кон публиката.
Во програмата за затворање на Игрите ќе учествува и познатиот гитарист и член ан групата „Лед Цепелин“, Џими Пејџ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *