Categories
Сцена & Муабети

Парис Хилтон, повторно на суд

Парис Хилтон би можела да се најде повторно на суд, поради неисполнување на своите маркетиншки обврски.

Парис Хилтон би можела да се најде повторно на суд, но не поради возење во пијана состојба или пушење марихуана туку поради неисполнување на своите маркетиншки обврски. Имено, Парис во 2004 година се обврза кај компанијата „Worldwide Entertainment Group Inc“, дека ќе учествува во промоцијата на филмот “National Lampoon’s Pledge This!” во кој покрај што глуми, Парис седи и на едно од главните продуцентски столчиња.

Шоубизнис компанијата „Worldwide Entertainment Group Inc“. вчера и службено ја поднесе тужбата пред судот во Калифорнија, со тврдење дека на сметката на компанијата која е во сопственост на Парис Хилтон, „Paris Hilton Entertainment Inc“, уплатиле милион долари за нејзините услуги бво филмот кој имаше премиера во 2006 година, а кои таа не ги исполнила.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *