Categories
Сцена & Муабети

Пакет Аранжман – албум на неделата

За оваа недела Ви го препорачуваме Пакет аранжман, еден од најважните и највлијателни албуми издаден на просторите на поранешна СФРЈ.

 

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: Пакет аранжман
Изведувачи: Шарло Акробата, ВИС Идоли, Електрични оргазам
Издаден: 1980
Издавач: Југотон
Времетраење: 35:33

За оваа недела Ви го препорачуваме Пакет аранжман, еден од најважните и највлијателни албуми издаден на просторите на поранешна СФРЈ. На него се застапени трите најдобри белгрдаски бендови од почетокот на осумдесеттите: Шарло Акробата, ВИС Идоли и Електрични оргазам.
Најактивните во тоа време Шарло Акробата на албумот се застапени со четири песни. Групата името го добила по големиот комичар Чарли Чаплин, кое во тогашната СФРЈ било преведено како Шарло Акробата. Составен од три рок легенди: Милан Младеновиќ (1958-1994), Душан Којиќ – Која и Ивица Вдовиќ – Вд, Шарло Акробата, дјествува две години. По распаѓањето на бендот Младеновиќ ја формира Катерина II (ЕКВ), додека Која е сеуште активен со Дисциплин А Кичме.
Паралелно со работата на оваа компилација Електрични оргазам работи и на својот прв албум, па изборот за Пакет Аранжман паѓа на три нивни концертни адути.
Најкреативниот приод на Пакет Аранжман го прават ВИС Идоли. Своето музичко неискуство го надополнуваат со арт-композиции. Така во “Америка“ која трае полни 8 минути користат еден ист акорд кој хипнотички се повторува низ целата мелодија.
Пакет Аранжман низ овие три бенда донесе еден нов бран (New Wave), го спои квалитетот на едно место, создаде софистициран израз и внесе нова и свежа крв. Албумот е разграбен уште во првите недели од својата продажба. Пакет Аранжман започна да ја пишува рок историјата на овие простори која е печат за една многу квалитетна рок генерација.

Синглови:
1. Она се буди – Шарло акробата
2. Маљчики – ВИС Идоли
3. Златни папагај – Електрични оргазам
4. Нико као ја – Шарло Акробата

За Пакет Аранжман заслугите ги имаат:
Шарло Акробата:
– Милан Младеновиќ -гитара и вокал
– Душан Којиќ Која – бас
– Ивица Вдовиќ Вс – тапани
Електрични оргазам:
– Срѓан Гојковиќ Гиле – гитара и вокал
– Љубомир Јовановиќ Јовец – гитара
– Марина Вулиќ – бас
– Љубомир Ѓукиќ – клавијатури
ВИС Идоли
– Влада Дивљан – гитара и вокал
– Зденко Колар – бас
– Божа Јовановиќ – тапани
– Срѓан Шапер – клавијатури и вокал
– Небојша Крстиќ – удиралки

На Вас останува само да притиснете PLAY … и да слушате гласно!

{auto displayheight=”0″ height=”184″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}paket_aranzman.xml{/auto} 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *