Categories
Сцена & Муабети

Патниците ќе оставаат отисоци за идентификација на британските аеродроми

Британските власти планираат од 2009 година на секој патник во британските авиокомпании да му земаат отпечаток од прст.

Британските власти планираат од 2009 година на секој патник во британските авиокомпании да му земаат отпечаток од прст, согласно владиниот план за борба против тероризмот.
Мерките, кои ќе бидат преземени и за меѓународните и за домашните летови, се воведуваат и покрај спротивставувањето на влијателната британската Комисија за слободен пристап до информациите.

Оваа Комисија за почетокот на годината го принуди аеродромот Хитроу да се откаже од примената на сличен план и предупреди дека тоа претставува нарушување на законите за заштита на личните податоци.

Експерти од британското Министерство за внатрешни работи, тврдат дека земањето отпечатоци од прсти не е сто процентна гаранција за потврдување на идентитетот и неопходни се нови мерки за гарантирање на безбедноста на границите на Велика Британија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *