Бројот на жителите во светот расте со секавична брзина, така што веќе во 2025 година би можело да ја надмине границата од осум милијарди.

“Моментално на планетава живеат 6,7 милијарди жители, а секоја година овој број се зголемува за 80 милиони”, покажува статистиката на ДСЊ.

Редовниот годишен извештај за бројот на населението покажува дека растежот на жителите скоро во целост се однесува на земјите во развој, додека бројот на жители во Европа опаѓа. Денес околу 82 проценти од населението живее во слабо развиени и неразвиени земји, а најбрз растеж се очекува на најсиромашниот континент, Африка, каде до средината на овој век бројот на населението би можело да се удвои од сегашните милијарда, на две милијарди, се вели во извештајот.

Секавичниот растеж на населението, со себе носи и проблеми поврзани со основното снабдување на жителите.

“Во Етиопија веќе сега секој втор жител е погоден со глад и недостиг на вода за пиење, а бројот на жителите на оваа земја до 2050 година ќе се удвои”, предупредува директорката ДСЊ, Ренате Бар.

ДСЊ е независна, со приватни донации финансирана организација за помош на земјите во развој со седиште во Хановер, а канцеларии во Брисел и ширум Африка.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: