Categories
Сцена & Муабети

Олимписките игри во Пекинг најскапи досега

Трошоците за организација на Олимписките игри и изградбата на грандиозниот стадион во Пекинг, познат под називот „Гнездо“, се проценуваат на околу 40 милијарди долари.

Трошоците за организација на Олимписките игри и изградбата на грандиозниот стадион во Пекинг, познат под називот „Гнездо“, се проценуваат на околу 40 милијарди долари.

Кинеската влада соопшти дека најголем процент од вкупната сума на трошоци за Олимписките игри, бил наменет токму за изградба на олимписките објекти.

Светските аналитичари, сепак тврдат дека крајната сума на трошоци ќе биде поголема од 40 милијарди долари. За време траењето на Олимпијадат, сите фабрики во Пекинг ќе бидат затворени, со цел да се намали концентрацијата на смог во главниот кинески град, кој веќе подолго време претставува сериозен еколошки проблем. Се проценува дека со затворање на фабриките градот ќе претпи дополнителни загуби од уште 10 милијарди долари.
Организацијата на Олимписките игри во Грција, чинеше „само“ 15 милијарди долари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *