Categories
Сцена & Муабети

Олимписките игри, настан за признавање

Од 10 000 спортисти кои се натпреваруваат на овие Олимписки игри, десет од нив јавно ја признале својата хомосексуална ориентација.

Од 10 000 спортисти кои се натпреваруваат на овие Олимписки игри, десет од нив јавно ја признале својата хомосексуална ориентација. Според официјалните податоци реалната бројка е многу поголема. Според нив станува збор за некаде околу илјада спортисти кои не сакаат јавно дас е декларираат со цел да не завршат како Грег Луганис, златниот скокач во вода кој поради неговото признание со кого е интимен, ги изгуби сите спонзорски договори.

Метју Мичам, дваесет годишниот скокач во вода од Австралија, е единствен машки учесник на Олимписките игри кој призна дека е хомосексуалец. Освен него, тоа го направија уште девет натпреварувачки кои јавно се декларираа како лезбејки, но нивните имиња се изоставени иако станува збор од спортистки кои се занимаваат од мечување па се до велосипедизам.

Бројката од десет натпреварувачи ги разочара оние кои на овие Олимписки игри гледаа како на можност за доплнителен сензационализам и популаризација на ова прашање. Но, спозорите се многу конзервативни кога станува збор за сексуалната ориентација па така тоа е и најголемата причина поради која спортистите молчат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *