Categories
Сцена & Муабети

Очилата за сонце – опасност за сообраќајот?

Модерните жени го ризикуваат животот носејќи очила за сонце наместо оние со соодветна диоптрија при возењето, покажуваат најновите истражувања направени во Велика Британија.

Модерните жени го ризикуваат животот носејќи очила за сонце наместо оние со соодветна диоптрија при возењето, покажуваат најновите истражувања направени во Велика Британија.

Повеќе од 3,8 милиони од вкупно 14,3 милиони жени во Велика Британија признаваат дека им е срам да ги носат диоптриските очила, поради што најчесто возат без нив.

Околу 25 проценти одлучиле да изберат модерни очила за сонце, а многу од нив признаваат дека им е потребна помош од сувозачот при читањето на сообраќајните знаци.

Истражувањата покажуваат дека 11 отсто од овие жени имале сообраќајна несреќа предизвикана со слабиот вид, како и тоа дека е најдобро нешто да набават очила за сонце со соодветна диоптрија.

Според мислењето на стручњаците, жените така не само што го загрозуваат својот живот, туку и ги кршат законите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *