Categories
Сцена & Муабети

„Мрачниот витез“, најновото продолжение од филмската франшиза за Бетмен руши рекорди на бокс офисот

Мрачниот витез, ги збогати касите на неговото филмско деби синоќа, со продадени влезници во висина од 18,5 милиони долари само за една вечер, од 3 040 кино сали.

Мрачниот витез, ги збогати касите на неговото филмско деби синоќа, со продадени влезници во висина од 18,5 милиони долари само за една вечер, од 3 040 кино сали.

Ова е подобра премиера од премиерата на „Војна на ѕвездите, епизода 3“ во 2005 година која заработи 16, 9 милиони долари од 2 915 кино сали. Во синоќешната добивка не се вклучени парите заработени од проекциите после полноќ.

Според бокс офис аналитичарите, „Мрачниот витез“ лесно ќе ја достигне бројката од 100 милиони за првата недела од неговото прикажување, бидејќи заинтересираноста за него е неверојатна. Голема улога за толку големиот интерес е фактот што во овој филм за последен пат глумеше починатиот Хит Леџер, во улогата на мрачниот Џокер. Се слушаат и гласини дека за неговата перформанса во улогата на Џокер може постхумно да биде номиниран за Оскар. Филмот е во режија на британскиот синеаст, Кристофер Нолан, додека покрај покојниот Леџер, настапува и Кристијан Бејл во улогата на Бетмен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *