Categories
Сцена & Муабети

Новата песна на Витни Хјустон се појави на интернет

Овој пат Витни Хјустон кажува се во својот нов сингл, кој деновиве се појави на интернет.

„Би сакала да ме сакаш како никогаш да не сум ни заминала“ пее легендарната црномуреста пеачка во својот најнов сингл насловен како „Како никогаш да не сум ни заминала“.

После купот проблеми што ги имаше во последнава деценија како со злоупотребата на алкохолот, дрогата како и проблемите во бракот со Боби Браун, Госпоѓицата Хјустон нема реализирано сингл од 2003 година кога го издаде „Една желба“, за Божиќ. Иако станува збор за љубовна песна, текстот од најновата песна „Како никогаш да не сум ни заминала“ неверојатно одговара за нејзиниот камбек. Во еден стих од нејзината песна која трае 3 минути и 39 секунди таа вели, „Да, твоето девојче се враќа“.

Со овој сингл раснат очекувањата и за нејзиниот нов албум кој треба да излезе оваа есен. Среќно враќање назад, Витни и се надеваме дека овој пат ќе останеш подолго.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *