Categories
Сцена & Муабети

Бетмен со нов рекорд

„Мрачниот витез“ со нов рекорд, заработени 300 милиони долари за десет дена.

 

„Мрачниот витез“ со нов рекорд, заработени 300 милиони долари за десет дена. Во вториот викенд од прикажувањето филмот заработи дополнителни 75,6 милиони долари, достигнувајќи ја сумата од вкупно заработени 314.245 милиони долари и тоа само во американските кино сали.

 

Со тоа се надмина рекордот на второто продолжение од „Карибските пирати“ кој за шеснаесет дена заработи 300 милиони долари. Бокс офис аналитичарите предвидуваат дека би можел да го надмине и рекордот за најгледан филм на сите времиња кој го држи мегахитот на Џејмс Камерун „Титаник“. На второто место оваа недела се најде комедијата „Полубрат“ со Вил ферел во главната улога,додека третото место е резервирано за уште една комедија а, тоа е мјузиклот „Мама Миа“.

Второто продолжение од филмот „Досие икс: Сакам да верувам“ се најде како новитет на четвртото место, со заработени само десет милиони долари што е многу помала заработувчка од очекуваната.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *