Categories
Сцена & Муабети

Новиот блиндиран „X5“ на BMV

Блиндираните возила се се побарани, особено во источна Европа, каде побарувачката на луксузни возила е огромна, особено на нивните оклопни изведби.

Блиндираните возила се се побарани, особено во источна Европа, каде побарувачката на луксузни возила е огромна, особено на нивните оклопни изведби.

BMV во својата стандардна понуда има и безбедносна линија која ги опфаќа сериите 5 и 7, како и SUV моделот X5. Посебно е интересен X5-та, поради големата популарност меѓу бизнис елитата на кои заштитата од вооружен напад им е од голема важност, како и поради фактот дека станува збор за многу проодно возило.

BMV во случајов X5 Security гарантира VR4 степен на заштита, што во превод би значело дека кабината му е потполно непробојна за калибрите 44 Магнум, 357 Магнум и 9 мм Лугер. Најизложените делови на возилото како на пример покривот се дополнително заштитени, а прозорците се опремени со стакло дебело 22 мм. Исто така на располагање ви е системот за надзор со камера како и интерна врска со возачот.
Поради зголемената маса на возилото, BMV беше приморан да го засили и моторот, како и да се стават нови кочници. Оваа нова верзија може да биде ваша, доколку одвоите околу 120 000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *