Categories
Сцена & Муабети

Нилски коњ за по дома

Тони покрај реката пронашол нилски коњ, стар само еден ден. Го нарекол Џесика и го одгледал, а сега, по седум години, нивното пријателство се уште трае.

Тони покрај реката пронашол нилски коњ, стар само еден ден. Го нарекол Џесика и го одгледал, а сега, по седум години, нивното пријателство се уште трае.

“Одгледував слонови, бизони, лавови, но никогаш со ниту едно животно не бев толку близок, како што сум со Џесика“, вели Тони.

Џесика деновите ги минува лежејќи на сонце, а кога и е прежешко, освежување бара во водата и во слаткото кафе што го пие два пати на ден.

Попладневната ужинка Џесика ја дели со кучињата, а ако е уште гладна, знае каде треба да оди – директно во кујна -ниту затворената врата не е пречка да влезе.

“Џесика мисли дека е наше дете и таа навистина е член на семејството“, вели сопругата на Тони.

Нилските коњи во Африка годишно убиваат повеќе луѓе од било кое друго диво животно, но Џесика никогаш не била агресивна.

Таа својот добар карактер го покажува навечер, кога заспива со лесна масажа.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *