Categories
Сцена & Муабети

Никол Кидман и Кит Урбан одбиваат да го фотографираат своето бебе

Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан, во неколку наврати одбија неколку милионски понуди за фотографирање на својата ќерка Сандеј Роуз. Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан, во неколку наврати одбија неколку милионски понуди за фотографирање на својата ќерка Сандеј Роуз.

Тие за медиумите изјавиле дека не е соодветно да се прават зделки од таква природа. Тие сеуште размислуваат, за тоа кога и дали воопшто да дозволат да се фотографира нивната новородена ќерка. Секако, дека го сваќаат огромниот интерес од страна на медиумите и многу го ценат тоа. Но, сакаат едноставно да уживаат во првите моменти со своето новороденче без вознемирување.

Од друга страна медиумите пак ја поздравуваат нивната одлука да не се прави медиски циркуз од рагањето на нивната ќерка, со тоа што нема да ја дадат на аукција можноста да се фотoграфира нивната новородена ќерка.
На прашањето дека можат да ги донираат за добротворни цели парите кои евентуално би ги добиле за фотографиите, се знае дека и двајцата имаат донирано доста средства за добротворни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *