Categories
Сцена & Муабети

New Jersey – Bon Jovi

За оваа недела Ви го препорачуваме New Jersey, четвртиот албум на американските рокери Bon Jovi.

 

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: New Jersey
Изведувач: Bon Jovi
Издаден: 13. Септември 1988
Издавач: Mercury
Времетраење: 57:42

За оваа недела Ви го препорачуваме New Jersey, четвртиот албум на американските рокери Bon Jovi. Албумот е трет најпродаван во историјата на групата, а е познат по тоа што е првиот албум на западна група издаден во СССР. Уште во првата недела на неговото издавање New Jersey се искачува на врвот на билбордобиот топ 200 каде што останува четири недели, а од другата страна на Атлантикот, во Британија поминува една недела на првото место.
Првобитно New Jersey бил замислен како двоен албум, меѓутоа, издавачката куќа го одбила предлогот на групата, плашејќи се дека поради високата цена тој нема да достигне висок тираж. New Jersey го држи рекордот кај рок албумите, со дури 5 синглови кои се искачиле на Билбордовиот топ 10, од кои два (Bad Medicine, I’ll Be There For You) се искачиле на првото место.

Синглови:
1. Bad Medicine
2. Born To Be My Baby
3. I’ll Be There For You
4. Lay Your Hannds On Me
5. Living In Sin

За New Jersey заслугите ги имаат:
Jon Bon Jovi – вокал, акустична гитара, хармоника
Richie Sambora – ритам и акустична гитара, пратечки вокали
Alec Johan Such – бас
Tico Tores – тапани
David Bryan – клавијатури

John Allen – продуцент
Bob Rock – тон мајстор

На Вас останува само да притиснете PLAY … и да слушате гласно!

 

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}new_jersey.xml{/auto}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *