Categories
Сцена & Муабети

Невидливоста на дофат

Истражувачите од институтот во Калифорнија тврдат дека се на само чекор од целосно производство на материјал кој ке ги направи луѓето навидливи.

Истражувачите од институтот во Калифорнија тврдат дека се на само чекор од целосно производство на материјал кој ке ги направи луѓето навидливи. Материјалот можe да ја искриви светлината околу 3D објектите, и да направи тие да ’исчезнат’.

Тој материјал не постои во природата, туку е создаден на нано-честички, со големина од еден милијардити дел од метар, пренесува BBC.

Истражувачите тврдат дека со оваа постапка до одреден степен би можело да се изработи невидливо одело кое би било доволно големо да ги ’сокрие’ луѓето.

Овој состав работи на принципот на кој водата тече околу карпите, велат истражувачите. Со оглед на тоа што објектот не апсорбира нити рефлектира светлина, личноста го гледа светлото единствено од позади – што го прави објектот невидлив.

Новиот материjал има негативна рефлективност, и повеќеслојна структура – ’рибарска мрежа’, која е прозирна во широк распон на брановата должина.

Истражувањето, кое го финансира американската амбасада, еден ден би можело да се искористи во воени операции, односно на тенковите кои би ’исчезнувале’ пред непријателските линии.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *