Categories
Сцена & Муабети

Неочекувано откритие во Африка

Во длабоките прашуми на Конго зоолозите открија 125 000 горили.

Длабоко во прашумите на Конго, зоолозите од Друштвото за заштита на животинскиот свет, во соработка со зоолошката градина од Њу Јорк и властите од Република Конго открија 125 000 горили. Горилите се откриени во две области на север од Конго и ова откритие е од голема важност за  аналите кои се занимаваат со бројноста на загрозените видови на животни. Областите кои се населени со новооткриените семејства на горилите, зафаќаат поршина од 18 000 квадратни миљи. Сега, со новооткриените горили нивната бројност се зголемува речиси за два пати.

Бројот на горилите во Конго кој во 1980-та година изнесуваше околу 100 000, драстично се намали поради избивањето на епидемијата на Ебола како и поради недозволениот лов на овие прекрасни суштества. Бројот на Сребреногрбиот горила во светски рамки изнесва од 125 000 до 225 000.

За зоолозите ваквата појава не е толку за чудење бидејки познати се случаи на таканаречени „заспани гнезда“, но зачудува бројнста на горилите кои успеале да останат незабележани. Ова е неверојатно добра вест, особено кога станува збор за животински вид на кој му се предвидуваше целосно истребување на самиот почеток на 21 век.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *