Categories
Сцена & Муабети

Недостиг на мажи во Хонгконг

Недостигот на мажи во Хонгконг е се поизразен – најновата официјална статистика покажува дека на една илјада жени има 904 мажи.

Недостигот на мажи во Хонгконг е се поизразен – најновата официјална статистика покажува дека на една илјада жени има 904 мажи.Овој тренд започнал во 1996 година, кога бројот на жените за прв пат го надминал бројот на мажите. Во 2001 година имало 956 мажи на една илјада жени, а тој број во 2006 дополнително опаднал на 912 мажи за една илјада жени.

Според статистиките, најлоша нерамнотежа меѓу бројот на мажите и жените е на возраст од 35 до 39 години – минатата година на една илјада жени на таа возраст имало само 733 мажи, што претставува големо опаѓање во споредба со 2006 година, кога имало 749 мажи.

И покрај овој “вишок“ на жени, бројот на мажите од Хонгконг кои се женат со жени од внатрешноста на Кина се зголемил од 15.776 во 1986 година, на 21.888 во 2007 година. За споредба, во 2007 година само 4.315 жени од Хонгконг се омажиле за маж од внатрешноста на Кина.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *