Categories
Сцена & Муабети

Неандерталците и луѓето никогаш не се измешале

Неандерталците и предците на денешните луѓе се чини дека никогаш не се измешале сексуално, јави денеска Шведската телевизија, која се повикува на резултатите од испитувањето на неандерталската ДНК.

Неандерталците и предците на денешните луѓе се чини дека никогаш не се измешале сексуално, јави денеска Шведската телевизија, која се повикува на резултатите од испитувањето на неандерталската ДНК.
Како што јави дописникот на МИА од Шведска, ова е досега најобемна анализа на неандератската ДНК, направена во Лајпциг од страна на меѓународен експертски тим под раководство на шведскиот генетичар Сванте Пебо.
Најважен заклучок од анализата, која е презентирана во научното списание „Цел“, е дека не постојат некакви знаци на генетско мешање меѓу луѓето и неандерталците во период од 660.000 години.

Истражувачите исто така се надеваат дека ќе можат да утврдат зошто изумреле неандерталците. Сега доминира теоријата дека неамдерталците исчезнале затоа што полошо приспособени за живот во леденото време во Европа во споредба со луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *