Categories
Сцена & Муабети

Не се сите украинки, проститутки

Украинските студентки, активистки во голем број организации за заштита на ѓовековите права, протестираа во Киев облечени како проститутки.

Украинските студентки, активистки во голем број организации за заштита на човековите права, протестираа во Киев облечени како проститутки, а на својата облека носеа натписи на кои пишуваше: „не сме за продажба“, „украинките не се курви“, „сексот не е за продавање“. Протестот беше организиран заради растечкиот имиџ на Украина како земја идеална за секс туризам.

„Поголем број од странците доаѓаат во нашата земја поради сексот и секси турите по борделите, а ние не сакаме нашата земја да биде една голема јавна куќа“ изјави Ана Хускол активистка од здружението за заштита на човековите права.

Како топ секс дестинации во светот на првото место се наоѓа Тајланд, потоа Филипини, Русија со Латвија и Украина и на крај Бразил. Исто така постои и ценовник во кој за еден час со протитутка се плаќаат 50 долари додека за цела ноќ, 200 долари. Но не ситетуристи доаѓаат во овие земји само за секс. Верувале или не некои од нив ги бараат таму и своите идни сопруги.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *