Categories
Сцена & Муабети

Не се шишала 55 години

Кога Жан Бурже имала 15 години, се сликала во дворот покрај цвеќињата што ги одгледувал нејзиниот татко. Тоа било 1953 година, а косата и била куса.

Кога Жан Бурже имала 15 години, се сликала во дворот покрај цвеќињата што ги одгледувал нејзиниот татко. Тоа било 1953 година, а косата и била куса.

Жан толку многу ја мрзела оваа фотографија што никогаш потоа не отишла на фризер за шишање. Денес, 55 години подоцна, нејзината коса е долга неверојатни 1,68 метри.

На Жан и требаат 2,5 часови да ја исчешла, 45 минути да ја измие и 24 часа да ја исуши. Затоа не е чудно што најчесто ја држи врзана, а ја пушта само во специјални прилики.

Оваа Британка вели дека кога со омажила на 20 години косата и била до рамениците, а на 30 години веќе го допирала подот.

Косата ја мие два пати годишно со бебешки шампон. Таа раскажува дека косата може да ја расчешлува само со прстите, бидејќи секоја четка едноставно се заплеткува во влакната.

“Луѓето мислат дека ако ја мијам косата на секои шест месеци, тоа значи дека е нечиста, но мојата коса е во одлична состојба, бидејќи косата е предвидено сама да се чисти со природните маснотии. Луѓето кои ја мијат косата секој ден всушност ја уништуваат“, вели Жан.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *