Натали Портман ќе го продуцира и ќе глуми во римејкот на култниот хорор на Дарио Аргенто, „Суспирија“.

Нејзината продуцнетска куќа „Чарли Филмс“ ќе застане позади овој проект, чиј оригинал е дел од творечкиот опус на италијанскиот хорор мајстор, Дарио Аргенто од 1977 година. Како режисер на филмот најверојатно ќе се појави Дејвид Гордон Грин.

Култниот оригинал, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите филмови на Аргенто и еден од најдобрите хорор остварувања на сите времиња, зборува за една млада американка , која патува во Европа за да стане балерина. Веднаш по нејзиното пристигнување во интернатот на балетската академија таа почнува да слуша чудни нешта и станува сведок на неколку бизарни убиства. На крајот таа открива дека училиштето представува само пaраван за една многу поопасна организација.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: