Наскоро ќе биде откриена тајната на „Мона Лиза“

Експертите се на чекор од идентификување на дамата која стои на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.

Мона Лиса
Mona Liza

Мона ЛисаЕкспертите се на чекор од идентификување на дамата која стои на една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи.

Во тек е ДНК тестирање на коските кои можеби и’ припаѓаат на Лиза Герардини, за која се верува дека била моделот на Леонардо да Винчи.

Историчарот Силвано Винсенти земал примероци од костурот и ги споредувал со ДНК примероци од членови на семејството Герардини. Доколку примероците се согласат, Винсенти ќе направи 3D реконструкција на лицето на Мона Лиза, пишува Daily Mail.

“Доколку не успееме, историчарите се’ уште ќе може да погодуваат за кој модел станува збор”, изјавил Винсенти. Резултатите од анализите ќе бидат готови во јуни или јули.

Мона ЛисаСемејната гробница во Фиренца била отворена во септември минатата година. Се верува дека Лиза Герардини на сликарот му позирала помеѓу 1503. и 1506. година.

Се верува дека портретот го нарачал Франческо дел Џокондо, за да ја прослави бременоста на својата сопруга. По неговата смрт, Герардини станала калуѓерка. Починала во 1542. година.

Дури и доколку се потврди дека таа била моделот на сликата, многу тајни ќе останат неоткриени. Некои тврдат дека сликата е автопортрет на уметникот, или пак станува збор за неговиот љубовник со кого бил во врска се до 1519. година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top