Авион на далечинско управување, кој со себе носи сензор произведен во Н.А.С.А. надлета поголем дел од територијата на Калифорнија зафатена со шумски пожари. Ова надлетување беше направено со цел да се соберат информации за справување со над тристотините пожари кои пустошат низ оваа држава

„Икана“ леталото од Н.А.С.А. користи софистицирани Автономни Модуларни Скенери, произведени исто така од Н.А.С.А. центарот за научни истражувања.
Овие сензори можат да приметат, температурни разлики од помалку од половина степен до над 1000 степени целзиусови. Скенерот функционира по принципот на дигиталните камери, со посебни филтри за детекција на слаба енергија, како и филтри за детекција инфрацрвени и термални аномалии.

Ваквото фотографско регистрирање на пожарите им овозможува на противпожарните единици и Министерството за шумарство навремено да реагираат, а исто така имаат сознанија за размерите на огнените стихии. Со тоа можат да мобилизираат онолку противпожарни единици и средства колку им се потребни за навремено локализирање и гаснење на пожарот.

Сликите од пожарите преку „Икана“ леталото се пренесуваат преку телекомуникациски сателит до центарот во Н.А.С.А. Отука со помош на „Гугл Ерт“ се обработуваат се доставуваат до Центарот за координација и справување со шумските пожари во Калифорнија и Државниот центар во Сакраменто.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: