Categories
Сцена & Муабети

Наоми повторно прави проблеми, овој пат нејзина цел беше хотелот „Риц“ во Москва

Каде и да се појави Наоми Кемпбел, зад себе остава буквално пустош. Според извори од Москва, Наоми наводно му кажала догледање на „Риц-Карлтон“ хотелот во Москва.

Каде и да се појави Наоми Кемпбел, зад себе остава буквално пустош. Според руски медиски извори, Наоми наводно му кажала догледање на „Риц-Карлтон“ хотелот во Москва, без да ја плати казната поради тоа што ја уништила постелнината во нејзината хотелска соба. Собарките од хотелот морале да ја пријават бидејќи нашле дупки на креветските чаршафи во нејзината соба. Дирекцијата на хотелот немала друга опција сем парично да ја казни црномурестата убавица.

Таа демантира дека уништила дел од имотот на хотелот, зошто немала свеќи со себе а, згора на тоа таа и не пушела во хотелската соба, затоа сите вакви обвинувања на нејзина адреса се целосно невистинити. Имено таа е во Москва, бидејќи нејзиното најново момче е еден од руските тајкуни. Кој знае дали е ова вистина или не, но едно е сигурно лошиот глас сеуште ја следи црномурестата убавица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *