Грдите секогаш ќе “настрадаат„, велат научниците кои тврдат дека пристрасноста, кога станува збор за убавината, претставуваат составен дел од човековата природа.

Истражувањата, имено, покажуваат дека убавината ја цениме повеќе отколку интелигенцијата.

Анализата на еден квиз, сличен на хрватскиот “Најслабата карика“, открива дека луѓето кои “не се убави“ имаат два пати поголеми шанси дека ќе бидат елиминирани од своите противници, дури и ако имаат повеќе точни одговори на прашањата во квизот.

Вродената слабост на луѓето кон убавината има и своја цена – така луѓето врз основа на добриот изглед заработуваат 15 проценти повеќе од другите.

Во споменатиот ТВ квиз, покрај тоа што се покажало дека луѓето во игра ги оставаат поатрактивните играчи, се открило дека во последниот круг, во кој играчите имаат можност да ја поделат добивката во пар, повторно го бираат најубавиот, иако таквата одлука подразбира загуба на повеќе стотици евра.

Пристрасноста на човекот кон физичката атрактивност има корени длабоко во еволуцијата, уште од кога се сметало дека припадниците на заедницата можат да родат поздрави и посилни деца и да ги пренесат “убавите“ гени на следната генерација.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: