Експертите откриваат колку е страшна смртта од давење, пад од зграда или електричен удар.
Како и за многу други работи во животот и овде во голема мерка влијае субјективниот фактор. Не постои консензус помеѓу докторите и погребниците за тоа кој е најстрашниот начин да се умре. Стравот на поединецот од одреден начин на умирање е факторот за одредување на најстрашниот начин. На пример, додека за некого падот од зграда би бил најстрашното нешто, за друг не би претставувал нешто посебно страшно доколку тој не се плаши од височини.

Стравот од одреден вид на умирање и стравот од непознатото прават еден вид на умирање да биде пострашен од друг. Пример за тоа е стравот од авионска несреќа. Временскиот период откако авионот ќе почне да паѓа и моментот на ударот е доволно долг за акумулација на неверојатно голема доза на ужас. Што е најстрашно, за време на целиот тој процес патниците се целосно свесни. Авионот, буквално и незапирливо ги носи патниците кон нивната смрт и за тоа тие се целосно свесни.

Во најголемиот број на случаи жртвите се без свест кога ќе ги стигне смртта, со што тие не чувствуваат страв. Но, моментите пред смртта се преполни со страв и болка.
Областа во медицината која се занимава со изучување на смртта, стравот од смртта и тагата се нарекува Танатологија чие име доаѓа од грчкиот збор „thanatos“ што значи смрт. Танатолозите веруваат дека одредена група на луѓе се справиле со смртта на тој начин што подсвесно се убедиле дека нема да умрат. Кога ќе дојде до тоа, обично таквите луѓе се затечени. Вистинско справување со феноменот смрт, направиле оние луѓе кои ја прифатиле својата смртност.

Во последниве два века медицината неверојатно напреднала. Нејзиниот континуиран развој, паралелно со развојот на фармакологијата придонесе секако за намалување на смртноста на глобално ниво. Истото важи и за козметиката и продуктите кои придонесуваат за успорување на процесот на стареење. Самото општество го тера човекот да го занемари стравот од смртта кој сепак е генетски всаден во него.

Психологијата на смртта сугерира кој е најлошиот начин да се умре. Бидејќи културата и општеството прават се за да не натераат да не мислиме на смртта, тоа може да доведе до ситуација залудно да ги потрошиме нашите животи. Затоа заборавете на смрт од паѓање, смрт од оган, смрт во автомобилска несреќа или паѓање во базен полн со Сулфурна киселина. Најстрашниот начин да се умре е било која смрт со која ќе заврши еден неисполнет и безначаен животен век.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: