Categories
Сцена & Муабети

Најскапото кастрење на жива ограда

Дванаесет метри високата жива ограда на Лордот Ален Апсли во Глочестершир, Англија, е највисоката жива ограда од растението Таџус во Велика Британија.

Дванаесет метри високата жива ограда на Лордот Ален Апсли во Глочестершир, Англија, е највисоката жива ограда од растението Таџус во Велика Британија.

Оваа ограда за да се доведе во ред, потребни се два дена, двајца работници и дигалка, а Лордот за оваа работа годишно издвојува дури пет илјади фунти (околу 6.300 евра).

Оградата се протега во круг од 140 метри околу имотот, а семејството Апсли велат дека не можат точно да ја проценат нејзината старост.

“Претпоставките се дека оваа ограда датира уште од 1710 година”, вели 47 годишниот Апсли.

Годишно од неа се сечат околу 40 сантиметри, што се собира и продава на фармацевтски компании за да се изолира Таџане компонента од растението.

Таџане е цитостатик, односно го запира растежот на клетките на ракот и ги намалува веќе постоечките клетки во организмот на заболениот. Овој лек е една од главните компоненти на Доцетаџел, лек што се користи во хемотерапиите на заболените од ракот.

Според Гинисовата книга на рекорди, најголема жива ограда на светот е букова ограда во Меиклеоур, Першајр, чија височина варира од 25 до 37 метри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *