Categories
Сцена & Муабети

Најскап развод во британскиот шоу бизнис

Британскиот музичар Фил Колинс на бившата сопруга и исплатил 31,7 милиони евра што претставува најскап развод во британскиот шоу бизнис.

 

Британскиот музичар Фил Колинс на бившата сопруга и исплатил 31,7 милиони евра што претставува најскап развод во британскиот шоу бизнис.

Колинс (57) со овој износ го надмина дури и прочуениот развод на Битлсот Пол Макартни и неговата сопруга Хедер Милс, “тежок“ 30,8 милиони евра.

Пејачот на групата “Џенезис“ беше шест години во брак со Оријана Севеј од Швајцарија со која има и две деца – синовите Николас и Метју. Музичарот соопштил дека ќе продолжи да живее во Швајцарија за да биде близу до децата.

Британските таблоиди како причина за разводот ја наведуваа врската на музичарот со новинарката Дејна Тајлер. Колинс, добитник на Оскар и Греми, пред Оријана бил во брак со Андреа Берторели и Џил Тејвелман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *