Categories
Сцена & Муабети

Откриена најголема гробница во Сахара од камениот период

Американските археолози во Сахара откриле најголема гробница од камениот период, кога тоа подрачје не било пустина, објавија во четвртокот научниците.

Американските археолози во Сахара откриле најголема гробница од камениот период, кога тоа подрачје не било пустина, објавија во четвртокот научниците.

Тоа археолошко наоѓалиште, наречено Гоберо, стар е 10 илјади години и содржи остатоци на човечки костури и костури на животни, меѓу кои има и езерски риби и многу големи крокодили.

Гоберо се наоѓа во централниот дел на Сахара во Нигер, во пустината Тенере, што значи “пустина над пустините“ на јазикот на Туарезите.

До откритието случајно дошол Пол Серено, палеонтолог од универзитетот во Чикаго, додека со својата екипа водел испитувања на тоа место богато со фосили и диносауруси.

Истражувачите на наоѓалиштето успеале да реконструираат костур од крокодилот Sarcosuchus imperator, еден од најголемите на светот, изумрен вид, а владеел на бреговите на африканските реки пред 110 милиони години.

Истиот палеонтолог таму реконструирал и Нигерсаурус, диносаурус, со вилица од 500 заби, што јадел само растенија.

На наоѓалиштето, покрај коските, пронајдено и оружје од камен, како и декоративни предмети, наменети да се направи огрлица од нив.

Наоѓалиштето било недопрено, сметаат истражувачите, а за нивното откритие во септември ќе биде објавена статија во американското списание National Geographic.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *