Технички совршениот болид, може да остане без покривот, но повторно на Бугати му ја враќа титулата, најбрз роудстер во светот. Познатата рецептура повторно вклучува осум литарска W-16 машина, која со помош на четири турбо компресори може да развије неверојатни 1 001 коњски сили. А , се е тоа доволно за постигнување на фантастични 407 km/h, но само под услов, кабината да е затворена со цврст поликарбонатен покрив.

Во спротивно брзината е лимитирана на „само“ 360 km/h. Доколку ве фати дожд, ќе можете да се заштитите со мекиот покрив од ткаенина кој е сместен во багажот, но во тој случај загарантирано ви е возење во дозволените безбедносни рамки.

Естетски новата каросерија минимално се разликува од оригиналот. Освен покривот во новитетите спага и повисокиот ветробран, ЛЕД предни дневни светла и нов дизајн на бандашите. Но, под каросеријата се кријат голем број на зајакнувања неопходни поради недостатокот на цврстина предизвикан од одсуството на покривот. Поставените носачи во основата дополнително ја поддржуваат носечката конструкција, а постојат и карбонски носачи кај предните врати.

Во кокпитот на луксузот му нема крај. Среќниците кои ќе седнат ќе уживаат во подршката на системот за следење назад кој се состои од камера и 2,7 инчен монитор. А доколку им здосади да ја слушаат „музиката“ на 16-цилиндарскииот монструм, ќе можат да уживаат во музиката која ке ја слушаат преку Пучиниевиот специјален музички систем наменет само за кабрио моделите.

Планирана е изработка и продажба на околу 150 примероци, од кои 49 се резервирани за постоечките „Бугати“ клиенти. А, да и уште само цената. Скромни 1, 4 милиони евра, без давачки.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: