Categories
Сцена & Муабети

Музичката нумера за новиот 007 филм

Алиша Кис и Џек Вајт заедно ќе ја исполнат насловната нумера од најновиот филм за агентот Џемс Бонд.

Алиша Кис и Џек Вајт заедно ќе ја исполнат насловната нумера од најновиот филм за агентот Џемс Бонд, насловен како „Квантум на утехата“. Ова ќе биде и прв дует во дваесет и две годишната историја на овој филмски сериал. Продуцент и автор на песната е Вајт, а насловот на нумерата е „Уште еден начин да се умре“.

Саундтракот од филмот ќе излезе на 28 Октомври, додека самиот филм ќе ја доживее својата премиера на 7 Ноември. Кис и Вајт беа подобри од Ејми Вајнхаус и Лиона Луис за кои се слушаа гласини дека се во комбинација за исполнување на насловната нумера за овој филмски хит.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *