МТСП: Придржувајте се до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките

Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките. Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје.  Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас.

 |   | 

Министерството за труд и социјална политика апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплата на пензиите на шалтерите на банките. Само со одговорно однесување на секој пензионер може да го заштитиме личното и јавното здравје.
Почитувањето на препораките за носење лична заштитна опрема на лицето и држење растојание од најмалку два метра додека чекате во ред пред или внатре во банките, е во интерес на сите нас.

Министерството за труд и социјална политика потсетува дека почнувајќи од понеделник ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата и тоа:

– за пензии до 11.000 денари, исплата во понеделник 27-ми април;

– за пензии од 11.001-14.000 денари, исплата во вторник28-ми април;

– за пензии од 14.001-18.000 денари, исплата во среда 29-ти април и

– за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата вочетврток, 30-ти април.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да сеизбегне метежот пред банките и да се овозможи поголемазаштита на пензионерите во услови на опасност одкоронавирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензионерите кои користат платежна картичкаповрзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања вопродажната мрежа или преку електронско и мобилнобанкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top