Categories
Сцена & Муабети

Актерот Морган Фримен тешко повреден во сообраќајна несреќа

Американскиот актер Морган Фримен е тешко повреден во автомобилска несреќа која се случила во неделата во државата Мисисипи, на југот од САД. Американскиот актер Морган Фримен е тешко повреден во автомобилска несреќа која се случила во неделата во државата Мисисипи, на југот од САД.

Фримен (71) е во критична состојба и е пренесен во болница во Мемфис откако автомобилот со кој управувал излетал од патот и се превртел во провалија.

Портпаролот на полицијата во Мисисипи потврди дека оскаровецот и засега непозната сопатничка во неделата вечерта излетале од патот, а поради оштетување автомобилот морал да биде пресечен со моторна пила за да ги извадат повредените, по што со хеликоптер биле пренесени во болница.

Во 2005 година тој беше добитник на Оскар за најдобра споредна улога во филмот „Девојка од милион долари“ од Клинт Иствуд, а важи за еден од најугледните актери во Холивуд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *