Categories
Сцена & Муабети

Актерот Морган Фримен е опериран и се чувствува добро

Американскиот актер Морган Фримен кој беше потешко повреден во сообраќајна несреќа на југот од САД се чувствува добро по операцијата на раката.

Американскиот актер Морган Фримен кој беше потешко повреден во сообраќајна несреќа на југот од САД се чувствува добро по операцијата на раката.

„Морган се чувствува добро откако му е оперирана левата рака. Операцијата која траеше четири часа е извршена во болница во Мемфис“, додаде неговата менаџерка, Ли.

Таа истакна дека актерот е позитивно расположен, а неговото семејство веќе го посетило. Ли се надева дека Фримен набрзо ќе биде пуштен од болница и целосно ќе заздрави.
Морган Фримен (71) е еден од најдобрите американски актери, а во 2005 година доби Оскар за споредна улога во филмот „Девојка од милион долари“ во режија на Клинт Иствуд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *