Categories
Сцена & Муабети

Млад џин

Еленсбург во американската држава Вашингтон, е дом на навистина исклучително момче – 12 годишниот Брендон Адамс е повисок од 210 сантиметри и се уште расте. Се очекува да порасне повеќе од 243 сантиметри.

Еленсбург во американската држава Вашингтон, е дом на навистина исклучително момче – 12 годишниот Брендон Адамс е повисок од 210 сантиметри и се уште расте. Се очекува да порасне повеќе од 243 сантиметри.

Иако неговите пријатели велат дека Брендан е само обично момче, очигледно е дека не е како сите останати. Во училиште мора да се наведнува под поголемиот број врати и да седи покрај клупата, бидејќи со колената не може под неа.

Брендон е единствен, не само поради својата височина. Се кај него е поинаку – неговата мајка тврди дека треба тим доктори и почести лекарски посети за да може неговиот растеж и телесните промени да останат под контрола. На телото има големи тумори, па дури и вишок заби, од кои 12 неодамна му биле извадени.

Мајка му вели дека почнале да забележуваат дека нешто не е во ред со бебето, кога тоа имало два месеци. На четири месеци му израснаа сите заби, вели таа.

А тогаш родителите ја примиле веста, што секого би го вознемирила. Лекарите им рекле дека не знаат што е причината за пореметувањето кај нивното дете. Лекарите со години ја барале причината за неговото константно претерано растење. За што станува збор откриле кога имал осум години и бил со височина на возрасен човек.

Станува збор за многу невообичаено разместување на неговиот генетски материјал. Тоа се вика инверзивност на хромозомот 12 и влијае на секоја клетка од неговото тело.

Хромозомите доаѓаат во двојки. Но, во случајот на Брендон двојката на 12-тиот хромозом не е соодветна. Научниците не можат да објаснат зошто и како еден од нив се одвоил и го попречува генот што го контролира растежот.

Лекарите на Брендон му даваат хормон тестостерон, што го успорува растежот, а родителите изградиле нова куќа во која Брендон може полесно да се движи бидејќи таваните и вратите се многу повисоки од нормалното.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *