Од 26. Јули легендарниот фронтмен на Rolling Stones, Мик Џегер ќе добие статус на пензионер.
Еден од најпознатите британски рокери, Мик Џегер на 26, Јули полни 65 години и според британските закони има право на пензија, која ќе му изнесува 91 фунта неделно.
Новопечениот пензионер и натаму ги импресионира неговите фанови, непрестанувајќи со своите енергични настапи кои се овековечени во документарецот на Мартин Скорсезе насловен Shine a light. Џегер е извршен продуцент на филмот, а после него продуцираше уште два други. Имотот на Мик Џегер се проценува на околу 225 милиони фунти и секако овие 91 фунта неделно ќе му бидат добредојдени.