Categories
Сцена & Муабети

Менуваат пиво, буквално за се

Гостите на пабот Пигс во Еџфилд во Норфолк, Англија, од неодамна можат да го заменат овошјето и зеленчукот од своите градини, зајаците што ги фатиле, уловената риба и друга храна за – кригла пиво.

Гостите на пабот Пигс во Еџфилд во Норфолк, Англија, од неодамна можат да го заменат овошјето и зеленчукот од своите градини, зајаците што ги фатиле, уловената риба и друга храна за – кригла пиво.

На идејата за трампа на пивото за продукти дошла сопственичката на пабот Клое Вејси. Таа сакала на гостите да им понуди јадења подготвени од овошје, зеленчук и месо од животни кои сами ги одгледувале.

Досега за пиво биле заменети компири, јаболка, тиквички, зајаци, скуши и фазани. Сопственичката на пабот вели дека нејзините гости се воодушевени од оваа иницијатива што им овозможува да уживаат во нејзините јадења направени од свежи производи и во менито што постојано се менува.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *