Categories
Сцена & Муабети

Мег Рајан добива на килограми

Не станува збор за јадење на големо количество колачи туку за посебен вид на костим.

Холивудската актерка Мег Рајан, за потребите на нејзиниот најнов филмски проект, „Жешкото момче на мајка ми“, облече специјален костим кој ке направи таа да изгледа подебела за триесеттина килограми. Во овој филм покрај Мег Рајан настапуваат и Антонио Бандерас и Селма Блер.

Секое утро Мег минува по три часа во шминкерницата за да на неа ги нанесат екстра килограмите. Нејзе воопшто не и пречи самата фаза на нанесување на шминката, зошто како што и самата вели поентата на целата приказна е трансформацијата. Некаде кон крајот на филмот, таа успева да ослаби и завршува заедно со ликот кој го глуми Антонио Бандерас.

Колин Хенкс, синот на холивудскиот актер Том Хенкс, го толкува ликот на нејзиниот син. Тој е агент на ФБИ кој се враќа дома дома после задача од три месеци за да открие дека сега неговата мајка изгледа неверојатно привлечно. Но, тој мора да продолжи со следење на новото момче на својата мајка бидејќи се сомнева дека тој е меѓународен крадец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *