Categories
Сцена & Муабети

Медитацијата добра за пациентите со Сида

Медитацијата може да го забави процесот на влошување на состојбата кај пациентите со сида, со тоа што влијае на имунолошкиот систем, соопштија американските научници.

Медитацијата може да го забави процесот на влошување на состојбата кај пациентите со сида, со тоа што влијае на имунолошкиот систем, соопштија американските научници.

Експертите посочуваат дека тоа е попријатен и поефтин начин да се помогне на луѓето кои имаат неизлечива болест.

Американските научници ги испитувале пациентите, со тоа што им давале програми за медитација, со што би се сконцентрирале на моменталната состојба, избегнувајќи ги мислите за минатото или грижите за иднината.

По медитациите, научниците го испитувале нивото на ЦД4 Т клетките на имунолошкиот систем, и откриле дека бројот на тие клетки, кои што инаку се борат против ХИВ вирусот, е зголемен.

Во студијата се наведува дека испитаниците биле пациенти со ХИВ вирус, кои примале вообичаена терапија против сида.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *