Хормонот тестостерон предизвикува автоматска реакција кај мажот кој се наоѓа во друштво на жена, поттикнувајќи го да бара можност за сексуален однос и притоа воопшто не му е важно дали жената е привлечна или не, покажува новата студија.

Истражувањето било направено врз 63 момчиња, студенти, на возраст од 21 до 25 години, кои не ја знаеле целта на студијата.

 По 300 секунди поминати насамо со жена која пред тоа никогаш не ја сретнале, а која во некој случај и воопшто не им се допаѓала, нивото на тестостеронот кај мажите се зголемила просечно за околу осум проценти.

Нивото на тестостеронот се зголемило подеднакво, без разлика дали разговарале со жена која ја сметале привлечна или која не им се допаѓала. Зголемувањето на нивото на тестостеронот носи видливи промени во однесувањето на мажите во присуство на жените, што вклучува подигнување на рамениците, поголемо гестикулирање со раце и слично…

Зголеменото ниво на машкиот хормон можеби е причина зошто мажите на жените им раскажуваат “надувани” приказни за сопствената работа, кариерата или заработувачката, сметаат научниците.

 Мажите кои и инаку имаат поагресивен или подоминантен пристап, нивото на тестостеронот е дури и повисок од просекот.Резултатите покажале дека нивото на тестостеронот кај испитаниците не се менувало кога биле во просторија со друг маж.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: