Categories
Сцена & Муабети

И матичните клетки може да бидат опасни

Група американски научници преку генетска мутација успеаја да здебелат нови видови матични клетки кои резултираат со појава на 10 засега неизлечиви болести.

Група американски научници преку генетска мутација успеаја да здебелат нови видови матични клетки кои резултираат со појава на 10 засега неизлечиви болести.   

Се работи за болести во кои спаѓаат Паркиновата болест, младешкиот дијабетис, два вида мистериозна дистрофија, Хантингтонова болест, Гошерова болест и Даунов синдром.
Матичните клетки со генетска мутација можат, помеѓу останатото, да предизвикаат Свокман – Дајмондов синдром кој го спречува организмот да ги апсорбира хранливите состојки од намирниците, Леш – Најханов синдром, наследно пореметување кое е предизвикано од недостатокот на ензимот ХПРТ, а последиците се физички хендикеп, заостанување во менталниот развој и проблеми со бубрезите.

Истражувањето го спроведе група американски научници предводена од доктор Џорџ Дели од здравствениот институт „Хауард Хјуз“ во американската сојузна држава Мериленд.
Медицината веќе подолго време бара начин за испитување на болестите во епрувета и се обидува да развие метод за здебелување на клетките за да се направат потребните истражувања.Истражувачите ќе ги направат достапни новите видови матични клетки за целата научна заедница преку лабараторијата што ја финансира независниот институт „Харвард стем сел“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *