Директорите на големите компании мора да бидат лидери. Тие ја читаат книгата “Уметноста на војувањето“ од Сун Цу, и учат од биографиите на големите лидери.
Директорите на големите компании мора да бидат лидери. Тие ја читаат книгата “Уметноста на војувањето“ од Сун Цу, и учат од биографиите на големите лидери. Но, кога ќе настапи глобална криза, на која не и се наѕира крајот, а директорот мора да биде уште поцврст и по храбар, тогаш се обраќаат на Масаи воините.
Во угледниот лондонски Институт на директори, делегација на Масаи одржа низа Повер поинт презентации и работилници за британските менаџери.
Масаи воините им објаснувале како мораат да го набљудуваат светот, да ги наслушуваат соработниците, како мора да се однесуваат додека носат одлуки, а како кога ќе ја донесат, како луѓето да ги водат таму каде што сами не би отишле и, конечно и најважно, како да победат во секоја битка.
Нивните совети, тврдат директорите, засега даваат одлични резултати. А еве и неколку ставки од Масаи филозофијата:
1. Слушни го секој. Кога ќе одлучиш, прашај ги сите што мислат.
2. Надежта не е метод, среќата не е стратегија. Мораш секогаш да бидеш во водство.
3. Не се впуштај во чесна борба. Играј на подрачјето каде си навистина силен.
4. Во книгите е мудроста, но не и решението.
5. Менувај се или умри.