Германската полиција запленила стотина корени канабис, што не е голема вест, освен што плантажата се наоѓала во – клиника за одвикнување од зависности!

Канабисот бил пронајден во дворот на клиниката во градот Неус, во близина на Дизелдорф.

“Канабисот бил засаден покрај ѕидот на клиниката, во потсокриен дел. Стеблата достигнале два метри, а сега ќе бидат уништени“, изјавил портпаролот на полицијата, додавајќи дека канабисот бил подготвен за „жетва“ и силно мирисал.

Се уште не е познато кој го засадил канабисот, но очигледно мислел дека го избрал местото што ќе биде најмалку сомнително.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: