Categories
Сцена & Муабети

Mama Said – Lenny Kravitz

За оваа недела Ви го препорачуваме Mama Said вториот албум на американскиот мултиинструменталист Lenny Kravitz.

 

АЛБУМ НА НЕДЕЛАТА

Наслов: Mama Said
Изведувач: Lenny Kravitz
Издаден: 2. Април 1991 год.
Издавач: Virgin Records
Времетраење: 52:38

За оваа недела Ви го препорачуваме Mama Said вториот албум на американскиот мултиинструменталист Lenny Kravitz. Неколку години по објавувањето на деби албумот Let Love Rule (1989) низ кој преовладуваше психоделијата, тој го издава Mama Said кој преставува навраќање на Kravitz во 70-те и негов обид за надоврзување на музиката на Curtis Mayfield и Jimi Hendrix и сето тоа надополнето со опсесијата на Lenny Kravitz од творештвото на Prince и Jon Lennon.

Со еден збор, текстовите претставуваат последен збор, но беспрекорната продукција и звучното задоволство, нема да ве натера да кажете дека албумот зборува гласно и не кажува ништо, затоа што тој звучи одлично.

Mama Said станува првиот албум на Kravitz кој се искачува во првите 40 на Billboard Top 200 во САД (достигнувајќи го 39-то место), додека во Британија стигнува до местото број 8, Соработката со Slash, гитаристот на Guns N’ Roses ни го носи и најголемиот хит на албумот Always On the Run.

Синглови:
1. Always On the Run
2. It Ain’t Over ‘Til It’s Over
3. Fields Of Joy
4. Stand By My Woman

За Mama Said  заслугите покрај Lenny Kravitz ги имаат и специјалните гости:
Slash – соло гитара
Karl Denson – саксофон
Henry Hirsch – бас гитара
Son Ono Lennon – пијано

На Вас останува само да притиснете PLAY  … и да слушате гласно!

 

{auto displayheight=”0″ height=”180″ width=”320″ plthumbs=”true” shuffle=”false” repeat=”list” pbgcolor=”#000000″ pfgcolor=”#cccccc”, phicolor=”#990000″ showstop=”true”}mama_said.xml{/auto} 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *