Categories
Сцена & Муабети

Мајкл Џексон во инвалидска количка

Некогашниот крал на поп музиката, деновиве можеше да биде виден како го туркаат во инвалидска количка.

Некогашниот крал на поп музиката, деновиве можеше да биде виден како го туркаат во инвалидска количка.

Американскиот таблоид „Инсајдер“ објави нови фотографии на Мајкл Џексон, како во Лас Вегас го туркаат во инвалиска количка. Според списанието „Њу Јорк Дејли Њуз“, поранешата икона на поп музиката е здогледана, како облечен во пижами и во инвалидска количка излегува од една книжарница, во која претходно разгледувал книги за деца, а неговите деца седеле во книжарницата.

Според изјавата на фотографот кој ги направил фотографиите  Мајкл Џексон изгледал навистина кршливо.
После бескрајниот број на пластични операции на кои се подлегна Џексон, како и низата скандали кои последниве десет години го означија неговиот живот, ова најверојатно претставува тажен крај за еден од најдобрите поп изведувачи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *