Мајкл Џеј Фокс се враќа на телевизијата со неколку епизодни гостувања во серијата „Спаси ме“.

После дијагностицираната Паркинсонова болест пред неколку години, овој омилен актер од телевизиските екрани се враќа повторно за својата публика со улогата во серијата „Спаси ме“. Тој во оваа серија ќе има неколку епизодни појавувања. Тој заедно со Денис Лири кој толкува улога на еден проблематичен пожарникар, глуми една навистина интересна и многу смешна личност. Неговиот лик е во инвалидска количка и за прв пат ќе се појави во првата епизода од петтата сезона на оваа многу популарна серија.

Ѕвездата на „Семејни врски“, „Лудиот град“ и „Враќање во иднината“ со дијагностицираната Паркинсонова болест во 1991 и неговото признавање во 1998 година се повлече од телевизиските екрани во 2000 година.
Тој основа фондација за борба против оваа болест, преку која собра милиони долари кои се користат во борбата против неа. Инаку Паркинсоновата болест претставува хронично напредно, пореметување, на централниот нервен систем, што доведува до тоа да болните од оваа болест не се во состојба да ги контролираат своите движења.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: