Некои од деловите на биографијата на братот на Мадона, се прилично досадни и воопшто не се шокантни, како што многумна очекуваа. Не дека не е интересен материјал за читање, но кога станува збор за Мадона, многу малку остана од нејзиниот живот што може да не изненади. Сепак книгата на Кристофер Чиконе не можеше да излезе во полош период за Мадона, која сега се соочува со проблеми во приватниот живот.

Во мемоарите на нејзиниот брат се вели дека таа навистина го сака својот сопруг, Гај Ричи но, не онолку колку што се сака себе си и својата кариера. Според него причина за стабилноста на нивната емотивна врска како и бракот е Кабалата.

Исто така Кристофер истакнува во своите мемоари дека појавата на Гај Ричи во животот на Мадона е
причината за прекинувањето на односите со неговата сестра. Во книгата има и контроверзни фотографии на кои се гледа како Мадона и Деми Мур играат во клуб за трансвестити, како се бакнува со Гвинет Полтроу на една новогодишна забава и многу повеќе.

Тој ја прикажува својата сестра како бескрупулозна личност, егоцентрична но, понекогаш и дарежлива, личност која успеала во шоу бизнисот. Мадона можетеда ја сакате или не, но секако мора да ја почитувате.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: